Собраќајна несреќа со двајца потешко и две деца полесно повредени, е епилогот од синоќешната незгода што се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид. Во сообраќајката учествувале две патнички возила „Фиат“ со кичевски регистарски ознаки управуван од А.А.(54 ) од село Гарани и „Поло“со скопски регистарски ознаки управувано од А.Ф.(41) од Скопје.
Во сообраќјката со потешки повреди се здобиле сопатникот од „фиатот“ В.Х и Е.Е. сопатник во „полото“. Со телесни повреди се здобиле и две деца од возилото со кичевски регистерски ознаки. Причините за сообраќајката и направената штета допрва ќе се утврдуваат. З.А.