54-годишeн скопјанец вчера бил приведен на влезот на Гевгелија откако при претрес на неговиот автомобил полицијата пронашлa четворица Кубанци кои илегално влегле во државата.
Како што информираат од МВР, во автомобилот „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени Д.П.Д.А.(20), Р.Р.Т.(51), С.Г.Е.(20) и А.К.Г.(30), сите од Куба.
По целосно документирање на случајот, за петмината приведени ќе бидат поднесени соодветни пријави.