Кон пожарот во месноста Ветерско, меѓу Скопско и Велешко, упатени се територијални противпожарни единици, по дојавата што ја добил Центарот за управување со кризи, информира Илија Бојаровски на денешната прес-конференција на ЦУК.
Генерално, во Македонија речиси и да нема активни пожари, откако скопските и гостиварските пожарникари ноќеска имале само по една интервенција, а во Берово е изгаснат пожарот во месноста на планината Готен. Главниот штаб на ЦУК е во постојано во заседавање и ја следи состојбата.
– Вработените во ЈП „Јасен“ вчера го изгаснале пожарот во двете жаришта кај селото Раовиќ и Буковиќ, на 150 километри од патот за Јасен, над селото Горна Матка – истакна Бојаровски, додавајќи дека не се исклучува можноста од појавување на стари жаришта во зависност од правецот на ветрот, поради специфичноста на теренот.дека .
Едно противпожарно возило и тројца пожарникари од територијалната противпожарна единица Гостивар, ноќеска од 1.30 до 3.40 часот, интервенирале на запалена сува трева на поголема површина во општина Врапчиште, известуваат од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово. Во гаснењето на пожарот учествувало и локалното население.