Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарот кој започна на 2 август кај месноста викана Бејаз Тепе, се уште е активен во атарот на село Будинарци во општина Берово. На терен се присутни противпожарните екипата од Словенија и од Австрија. Пожарот делумно е ставен под контрола а екипите работат на негово целосно локализирање каде гори високостеблеста борова шума, смрека, стрништа и сува трева.
Во општина Делчево пожарот кој започна на 2 август во атарот на с. Нов Истевник маало Пасјак, последната состојба од теренот е дека пожарите на подрачјето на општина Делчево се локализирани и се ставени под контрола. Екипите што беа ангажирани во гаснењето на пожарот се повлечени. На терен се останати само вработените од Шумско стопанство Голак од Делчево кои дежураат. Во резерва во с. Тработивиште се лоцирани припадници на АРМ ако има потреба да интервенираат.
Во општина Штип пожарот кој е во атарот на селата Драгоево и Селце сеуште е активен но е ставен под контрола. Екипите во моментот се повлечени но во договор со Директорот на ШС- Серта и Градоначалникот, на теренот е оставена цистерна со вода и луѓе од месното население. Екипи на ШС и ТППЕ од Штип на ден 10.8.2021 година во 6 часот одат повторно на терен.
Од ловиштето – Јасен известуваат дека има 24-часовно дежурство на делот на планината према ловиштето Јасен. Во моментов пожарот е стишан и нема опасност за да се прошири према ловиштето. Се гледа чад од страна на село Раовиќ каде гори мешана шума и е на доста непристапен терен.
Од страна на ЛС– општина Сарај информираат дека во тој дел сеуште чади и пожарот е сеуште активен. Бидејќи теренот е непристапен, нема можност за гасење од терен. ЕЛС- Сарај исто така известуваат дека доставиле барање за армиско летало во помош за гасење на пожарот.
Од ШС Караџица известуваат дека пожарот над село Раовиќ се дели на два крака, едниот е насочен кон Матка додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен, на истиот во утринските часови на терен се екипи од АРМ, ДЗС и локалното население. Се планира гасење од воздух. (општина Сарај).
Во општина Петровец пожарот кај село Дивље е под контрола, нема опасност за селото и населението. По дејствувањето на пожарникарите од БППЗ на град Скопје, ШС Караџица како и локалното население, пожарот е насочен накај Средно Коњаре. Се очекува денес во раните утрински часеви на гасење на пожарот да излезат 10 лица од ШС Караџица како и 20 припадници на АРМ за да го локализираат и стават под контрола.
Пожарот во атарот на Ракле-Никодин-Топлица е приземјен, но не е завршен. Позади с. Топлица кон с. Крстец, има чад но намалува со интензитетот. Со досегашните дејствувања со воздушната поддршка. Екипа на ЈП Мак. Шуми – Црн Бор Прилеп, со 7 работници се на терен, како и 3 војници од АРМ. (општина Прилеп).
Пожар во с. Војница, гори нискостеблеста шума и смрека. На терен се ТППЕ- Велес со 2 возила и 6 пожарникари, комунално Чашка со 1 возило и 5 лица, шумско- Велес со 2 возила со 10 лица и 3 полицајци од Чашка. Пожарот се уште не е изгаснат но е ставен под контрола. (општина Чашка).