Оштетениот бизнисмен Фијат Цановски во случајот ТНТ, по денешното рочиште на кое судот констатираше дека судењето ќе почне од почеток, рече дека се сомнева оти поротничкта Лилјана Ивановска-Кочковска самоволно дала оставка, како што навела во поднесокот до судот.
– Како што видовте на половина час пред почетокот на судењето поротничката дала оставка. Се сомневам дека самоволно ја дала. Јас верувам во правосудниот систем и дека овој процес брзо ќе заврши – цели Цановски.
Бизнисменот Цановски смета дека мафијата се обидува повторно да завладее, а обвинетите се надеваат ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, па како што рече „сваровски судството” повторно ќе завладее.
– Одбраната се обидуваше да пролонгира судења, очекувајќи дека ќе победат на наредните избори и да завладее на ‘сваровски судството’. Јас сум убеден дека мафијата и Груевски диктираа вакво однесување во судница – рече Цановски.
Во предметот „ТНТ“ што обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. Според обвинението на СЈО за случајот, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски.