Сè уште не е ставен под контрола пожарот околу населените места Норово и Алданци, Крушевско што беснее деновиве, информираат од крушевската локална самоуправа.
Пожарот е проширен кон месноста Трстеник во близината на манастирот „Свети Спас“, а во моментов на теренот се три хеликоптери на АРМ кои учествуваат во гаснењето.
Во гаснењето со дополнителни сили и средства се Територијалната противпожарна единица од Крушево и од Дирекцијата за заштита и спасување како и од крушевската локална самоуправа.
Крушевскиот градоначалник Томе Христоски упатува благодарност до АРМ за подготвеноста и помошта што им е дадена со хеликоптерите