Потпретседателкта на Собранието и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски, утре ќе даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, објавуваат македонските информативни портали.
Нејзиното име неофицијално се спомнуваше во дел од медиумите и во обвинувањата на опозицијата како блиска со осомничениот за „Рекет“, Бојан Јовановски, и како почесна претседателка на неговиот Меѓународен сојуз.
Ременски, доскорашна потпретседателка на СДСМ, пред околу еден месец на Фејсбук објави дека „нема ништо против ОЈО да испита каква е нејзината почесна функција во нeвладината организација на Бојан Јовановски и дека е на располагање да објасни сѐ што ги интересира или за сѐ што имаат дилема“.