Малолетно девојче вчера вечерта било физички нападнато од непознато лице по завршување на часот на играорна група, кој се реализирал во домот „Спиро Забрчанец“ во Прилеп. Девојчето се здобило со незначителни повреди, велат од СВР Битола.

Од наши извори дознаваме дека напаѓачот исто бил малолетно лице, а девојчето го удирал по лицето и телото.

Нападот во полиција го пријавил таткото на девојчето С.Т (55).

Од СВР Битола велат дека работат на расветлувањето на настанот и на откривањето на напаѓачот.

Ка.М.