Пред угостителски објект во Долно Добреноец Кичевско, доцна синоќа нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од лицето Ф.Џ.(28) од село Зајас, врз неговата соселнка Ф.А.(24).

По приемот за преглед извршен во Општата болница во Кичево констатирано било дека од овој напад жената се здобила со тешки телесни повреди.

Против напаѓачот ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава,информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

З.А.