Синоќа од Итната медицинска помош било пријавено дека во автобус на граничниот премин Табановце на излез од земјава починал Ф.С.(71) од Унгарија.
МВР соопшти дека лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија.
Известен е јавен обвинител.