Украинец бил ограбен ноќта петок кон сабота на бензинска пумпа во близина на Градско, соопшти полицијата.
Според истиот извор, Р.Л.(38) од Украина пријавил дека ноќта околу 3 часот, на бензинска пумпа во близина на Градско, додека бил паркиран и одморал во неговото комбе „Рено Трафик“ со национална ознака на Украина, од страна на непознат сторител одземена му е чанта во која имало две патни исправи, неколку платежни картици, 1.500 евра и други документи.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.