Од основно училиште во Чаир украдени се лаптоп компјутери, полначи и глувчиња за компјутери при што е причинета материјална штета од 576 илјади денари.
Кражбата е пријавена вчера во полициската станица во Бит Пазар. Според полицискиот билтен, таа се случила во основно училиште на улицата „Коста Абрашевиќ“ во временскиот период од 6 до 10 овој месец.
Украдени се 169 мали ученички лаптоп компјутери со полначи, 100 глувчиња за компјутери, 45 тастатури и 30 парчиња разводник за УСБ.
Кражбата е извршена така што е влезено од еден од прозорците во училиштето и со употреба на физичка сила отворени се кабинетите од каде се одземени предметите.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.