Жена утрово е убиена во Гостивар, а две лица се повредени и пренесени на скопските клиники, кога им биле нанесени повреди со остар предмет.
Од СВР Тетово велат дека едно лице е приведено поради сомнеж за вмешаност во случајот.
-Утрово во 3.55 часот било пријавено во СВР Тетово дека има повредени лица на улицата „Илинденска“ во Гостивар и биле испратени полициски службеници кои констатирале дека повредена е 78-годишната С.Т. и сопружниците С.Р и Б.Р. Тие биле пренесени во болница каде највозрасната им подлегнала на повредите, а другите двајца биле пренесени на скопските клиники, велат од полицијата.
Приведениот е на возраст од 46 години, а официјално се уште не се познати мотивите за убиството.