Тројца охриѓани се уапсени поради поседување марихуана и стебла канабис.
– На 2.11.2020, во селото Долно Лакочереј, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Охрид, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ги лишија од слобода К. А. (33), А. Н. (33) и С. К. (33), сите од Охрид, со место нa живеење во село Долно Лакочереј. При претрес во нивните домови во селото Долно Лакочереј извршени со судска наредба полициски службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и стебла од растението канабис сатива. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – соопшти СВР Охрид.