На регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Жировница“ ги уапсиле Е.Л.(18) и Е.Ч.(33), двајцата од Република Албанија.
При преглед на нивниот автомобил „Мерцедес“, бил пронајден и одземен ранец со околу два килограми марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.