Три лица денеска се повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар – Тетово.
Според СВР Тетово, околу 12 часот и 20 минути во близина на гостиварската наплатна станица се судриле две патнички моторни возила со гостиварски регистарски таблици, „ауди A 3“ , што го управувала 23-годишната гостиварка М.Т. и „БМВ“, управувано од 59-годишниот гостиварец Ш.З.
Двајцата возачи и сопатничка од „аудито“ A.J. (30) од Гостивар се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
По овластување на јавен обвинител, увид изврши екипа од Полициската станица Гостивар.