Вчера околу 13 часот во Битола 16- годишна девојка била тешко повредена откако во неа удрил автомобил.
Од МВР информираат дека несреќата се случила на ул.„Партизанска“ во Битола кога товарно возило „Фиат Панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(29) од Битола, удрило во пешак, 16-годишна девојка од Битола.
Од ударот таа се здобило со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола. Извршен е увид на местото на настанот.