Дваесет и шестгодишна тетовка (Д.Ј.) е приведена денеска околу 11 часот и 30 минути, на улицата ЈНА во Тетово, поради сомнение дека претходно извршила кражба во фирмата во која работела, пришто од касата одзела парични средства во вкупен износ од 2.600 евра.
Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе и биде изготвен соодветен поднесок.
Кражбата во продажниот салон го пријавила одговорната на фирмата денеска околу 11 часот и 30 минути.