Полицијата информира дека поденесени се кривични пријави против две лица од Охрид и Тетово кои не биле затекнати дома, иако имале решенија за задолжителна самоизолација.
Станува збор за С.А.(57) од Охрид и А.Б.(34) од Тетово.
При контола од полициски службеници тие не биле затекнати во домот, со што постапиле спротивно на Решението за задолжителна самоизолација.
Тетовецот не го подигнал своето решение, и одбил да соработува со Центарот за јавно здравје, велат од полицијата.