На булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче во вечерните часови на 28 февруари бил нарушен јавниот ред и мир со тепечка меѓу 43-годишна скопјанка и нејзината малолетна ќерка од една страна, и лице на возраст од 28 години.
Како што информираат од МВР, причина за нарушениот јавен ред и мир било меѓусебно недоразбирање околу паркинг место.
Полицијата составила записник и констатиран е прекршок по член 11 од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир (ЗППЈРМ).