Доцна синоќа во полициската станица Аеродром, 38-годишен скопјанец пријавил дека во угостителски објект на улицата „23 Октомври“, додека седел со двајца другари, физички бил нападнат од неколку лица.
Според пријавеното, лицата продолжиле со нападот надвор од објектот, при што едно од лицата се обидело да го нападне со остар предмет, но во тој момент дошла полиција и ги привела напаѓачите.
Во полициска станица на лицата З.К.(28), Д.Ј.(37) и А.Т.(38), сите од Скопје, сочинети им се записници за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.