Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев.
На прашање кој ја иницирал средбата меѓу Зоран Милевски, него и Орце Камчев, сведокот одговори Милевски и Јовановски.
На следното прашање за каква одлука на СЈО разговарале, Камчев му рече „не си ти адвокат, од тебе да барам совет“.
Бојан Јовановски реагираше дека Камчев не му персира кога одговара на прашањата. Судијката рече дека ова не е театар и побара да се почитува редот во судницата.
Камчев кажа дека му бил „фејк“ проектот за франшизите и дека Јовановски сакал да го рекетира.
Сведокот рече дека на средба со директорка откај него, Боки рекол дека за сума од 40, 50 илјади евра не се буди. Јовановски рече дека имал право како директор на телевизија да бара колку што смета дека е потребно.
Во одреден момент, обвинителката Русковска вложи приговор, на што Јовановски и’ рече „не ми се дерете“.
На судењето Камчев рече дека се консултирал со пријатели од Бугарија кои на сличен начин биле рекетирани, а Боки 13 го праша да ги каже пријателите кои му помогнале.