Судскиот совет нема да поведе постапка за утврдување на одговорност против судијата Добрила Кацарска.
Oдлуката следи по изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, како сведок во случајот „Рекет”, за притисок врз неa за предметот „Империја”.
– Заради заштита на личноста и интегритетот на судиите, Судскиот совет на Република Северна Македонија во врска со поднесеното барање од судијата на Основен кривичен суд Скопје Добрила Кацарска, кое се однесува на дадениот исказ во својство на сведок од страна на јавниот обвинител на Основно јавно обвинителство Радовиш Лиле Стефанова во постапката по предметот со кодно име „Рекет“ ја известува јавноста дека пред Судскиот совет на Република Северна Македонија досега не е поведена постапка за утврдување одговорност, ниту пак е поднесена претставка против судијата Добрила Кацарска за конкретниот случај – информираат од Судскиот совет преку соопштение.