Струшката полиција поднесе кривична пријава против двајца стружани на возраст од 53 години под сомнение за сторенo кривично дело бесправно градење.
Како што информираат од МВР, пријавените во својство на инвеститори и сопственици, на локација во селото Мислешево, во текот на минатата година, без соодветно одобрение, почнале изградба на објект за домување и извршиле надградба на постојаната градба.
Од извршениот инспекциски надзор било донесено решение со кое на инвеститорите им било наложено објектот да го отстранат во определен рок.