Осумнаесет годишен стружанец земал малолетничка од нејзиниот дом во Тетово и ја однел кај него во Струга.
СВР Охрид соопшти дека на 27 овој месец, Т.А. (42) од Тетово во Полициската станица во Струга пријавила казнено дело „одземање малолетник“ извршено од Н.А. (18) од Струга, кој противправно ја одзел нејзината малолетна ќерка од семејниот дом во Тетово.
Според пријавата, настанот се случил во текот на октомври оваа година во домот на пријавителката, кога Н.А. го искористил нејзиното отсуство и ја земал малолетничката, по што заминале во неговиот дом во Струга, стои во соопштението.
По преземени мерки во координација со Центар за социјални работи и по насоки на Јавен обвинител, малолетничката била пронајдена и предадена на нејзината мајка.
Против Н.А. полициската станица од Струга ќе поднесе кривична пријава за одземање малолетник.