Патничко моторно возило со српски национални ознаки, управувано од Н.С.(48) од Република Србија, синоќа излетало од патот на автопатот Скопје-Велес во близина на селото Б.Село-велешко
Како што јави МВР, во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката С.Е.(58) се здобила со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Велес.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.