Спасено е куче кое било фрлено во шахта во близина на хотелот „Континентал“. Дојавата за кучето била од МВР до ЈП Лајка, кои алармирале дека кучето ги изгризало каблите во шахтата, поради што полициската станица Гази Баба, немала струја.
Од „Лајка“ испратија ветеринар на терен, кој го извлече кучето од шахтата, кое било со ланец замотано во кабли.
– По прегледот во ветеринарната служба на ЈП „Лајка“ и тестирањето на кучето е констатирано дека нема видливи повреди и е позитивно на ерлихија. Кучето нема микрочип па го доби името Борче и ќе подлежи на хуманиот третман за бездомни кучиња – соопштија од „Лајка“.