Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затвор го извести Советот на јавни обвинители дека ја активира условната оставка која ја поднесе на 15 јули.
Оставката, напишана рачно, доаѓа во ист ден кога таа едногласно беше разрешена. Во јули, на денот на апсењето на Бојан Јовановски, Јанева поднесе условна оставка, најавувајќи повлекување штом ќе биде избран нов специјален обвинител.
Според Советот на обвинители, независно дали таа поднела оставка, собранието ќе мора да гласа за нејзиното разрешување поради процедурата пропишана со закон.