Четириесет и седумгодишен скопјанец вчера бил приведен на автопатот Куманово – Скопје.
МВР јави дека на автопатот кај Граничниот премин „Табановце“ од неговото возило приведениот истоварал 10 мигранти од Сирија.
Бегалците заедно со возачот се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.