Триесет и три годишниот И.И. од село Кадино, Скопје, вчера бил донесен во амбулантата во Петровец со повреда во ногата, нанесена од воздушна пушка, по што бил препратен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен околу 18,30 часот од амбулантата во Петровец.
– Од извршениот разговор е дознаено дека Р.Б. со воздушна пушка му нанел повреда во пределот на левата надколеница, посочуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.