Во Полициската станица Бит-пазар во попладневните часови на 12 февруари било пријавено дека во стан на скопската улица „Џон Кенеди“ починат бил пронајден 38-годишен скопјанец.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.