Седум луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај с.Зајас, помеѓу три возила.
– Во Медицинскиот центар Кичево тешки телесни повреди биле констатирани кај возачот Ј.В., а кај сопатниците од нејзиното возило А.А.(23) и Е.С.(23), двајцата од Кичево, кај возачот Ш.В. и неговите сопатници С.С.(22) и А.С.(32) од Кичево, како и кај возачот Џ.А., биле констатирани телесни повреди – се наведува во соопштението на МВР.
Извршен е увид на местото на незгодата.