Во куќата сопственост на С.С. во Гостивар вчера околу 16 часот дошло до несогласување во семејството и во еден момент синот на сопственикот, Б.С. (40) со нож се прободел во делот на абдоменот.
-Неговите родители веднаш го однеле во Медицинскиот центар Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.