Еден од трите пожари кои во текот на вчерашниот ден избувнаа на отворен простор во Кичевско, беше пожарот на Туинска планина, каде што гореше сува трева и ниско стеблеста шума и кој во текот на вечерта се изгасна.
Денес околу пладне истиот повторно се реактивира, но поради тешко пристапниот терен, се уште до него немаат пристигнато екипи кои ќе пристапат кон негово локализирање и гасење.
– Единствениот пожар кој избувна во текот на вчерашниот ден и кој самиот се изгасна доцна попладне, беше пожарот на Туинска планина, каде што гореше сува трева и ниско стеблеста шума. Истиот денес околу пладне повторно се реактивира, на поради тешко пристапниот терен и далечината, екипите за гасење на пожари не се во можност да пристигнат до самото место , затоа утре од сабајле вработените на ШС „Лопушник“ ќе излезат на терен и ќе пристапат кон негово гасење. За утеха огненото жариште е далеку од шумскиот појас и барем засега не постои реална опасност пожарот да ја зафати и шумата, по што неговото гасење ќе биде многу тешко, бидејќи се наоѓа речиси на врвот на планината – рече Леоне Станишоски од ДЗС ПО Кичево.
З.А.