Со два воено-транспортни авиони се очекува да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.
Поворката низ главниот град е откажана, според последните неофицијални информации.
Граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.