Заради добиено решение за изолација поради ковид-19 на еден од обвинетите, главната расправа за предметот „Титаник“ која беше предвидена за утре се одлага, соопшти Основниот кривичен суд.
– Расправата насрочена за 14 септември се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од ковид-19, на еден од обвинетите,
а воедно истовремено е насрочена и расправа за предметот во јавноста познат како „Плацови на Водно“ каде застапник на обвинението е истиот јавен обвинител – стои во соопштението од оваа институција. Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 22 септември во 10 часот за што веќе се известени странките во постапката, стои во соопштението од Основниот кривилчен суд.