Четири лица се приведени во Гостивар, откако било повредено 19-годишно момче со воздушна пушка. Како што информира полицијата, вчера во 17.25 часот во СВР Тетово од Ургентниот центар Гостивар било пријавено дека кај нив бил донесен повреден од огнено оружје Н.А.(19) од Гостивар.
Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и бил извршен разговор со Ѓ.Т.(21) од Гостивар, според кој околу 17 часот во с. Сретково, додека Ѓ.Т. и Н.А. се движеле, Н.А. во еден момент почувствувал болка од десната страна и забележал дека е повреден. Во врска со настанот биле приведени Ѓ.Т., М.Х.(22), Ф.И.(20) и М.Т.(20), сите од Гостивар, а од Ѓ.Т. била одземена воздушна пушка „гамо“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.