Полицијата пронашла тело кај каменоломот во село Чајлане, Општина Сарај.
Според информациите на МВР, вчера околу 19 часот, полициски службеници при вршење обиколка на место викано „Осој“, покрај карпата во каменоломот кој се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен“ пронашле човечки череп.
Денеска, во присуство на јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика, бил извршен увид на местото на настанот, а телото било ископано, подигнато и предадено за обдукција.
Од Скопското обвинителство соопштија дека ќе се прават и други проверки за да се утврди идентитетот на лицето, причините за смртта и причините заради кои телото било закопано на таа локација.