Десет мигранти, девет од Пакистан и еден од Непал, се пронајдени во возило „Опел Омега” кое завчера попладнето се движело кон граничниот премин „Богородица“.
Како што соопшти МВР, откако го забележале возилото на регионалниот пат Негорци-Прдејци кај клучката за приклучување на автопатот Демир Капија – Смоквица, полициски службеници му дале знак за запирање, но возачот продолжил да се движи кон „Богородица“. Дури потоа сопрел, излегол од возилото и се дал во бегство.
При прегледот на возило е утврдено дека регистарските таблички му припаѓаат на „Опел Кадет”, сопственост на лице од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.