Разна дрога и оружје биле пронајдени во куќа во Пробиштип.
Според информациите на МВР, вчера бил приведен А.Д.(20) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Претходно, полицијата извршила претрес во дом и други простории на две локации во Пробиштип во кои престојувал, при што пронајдени и одземени биле: марихуана, амфетамин, пет малокалибарски куршуми, пет празни рамки за автоматска пушка, тромблонски додаток за автоматска пушка, воздушна пушка марка „кандар“ калибар 5,5 мм и 200 дијаболи за воздушна пушка.
Се работи на документирање на случајот, по што против А.Д. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.