Полицајци од полициската станица во Демир Хисар, вчера во демирхисарското село Боиште, во дворни места од напуштени и руинирани куќи, откриле 120 насади марихуана.
Како што информираат од МВР, на локациите бил извршен увид по овластвање на Јавен обвинител од Битола, при што стеблата и затекнатите предмети се подигнати за понатамошно вештачење.