Успешно заврши потрагата по малолетната Наташа од кочанското село Оризари. Веста на социјалните мрежи ја објави Елена Кузманова, која претходно го сподели и апелот за помош за потрагата по 16-годишното девојче. Наташа е пронајдена од неколку момчиња кои учествувале во потрагата во близина на куќата каде живее, по што е пренесена во болница за да и се направат прегледи.
– Господ е голем. Наташа Николова е пронајдена! Ви благодарам на сите хумани луѓе што помогнавте на било каков начин – напиша Кузманова.
Претходно, два дена се трагаше по девојчето, дури и во лошо временски услови. Освен МВР, во потрагата беа вклучени доброволци кои се одзвале на апелот од социјалните мрежи, пријатели, роднини. Се пребаруваше и на Гоцева шума, каде последно биле слушнати гласови.