Во охридското село Рамне, вчера е пронајден леш во фаза на распаѓање, информираше пртпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
-На 29 ноември оваа година, од страна на случаен минувач, во месноста „Водејнци“ атар на охридското село Рамне, пронајден е леш во фаза на распаѓање.По добивање на информацијата, а по овластување на Јавен обвинител, извршено е обезбедување на местото на настанот, а потоа извршен e увид – соопшти Домоски.
По наредба на Јавен обвинител, ќе се врши одбукција во судска медицина при Медицинскиот центар во Битола. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.