Полов напад врз дете од страна на лице на возраст меѓу 60 и 65 години е пријавен вчера во полициската станица Ѓорче Петров.
Како што соопшти МВР, Н.Т. од Скопје пријавил дека вчера околу 8:00 часот во населбата Ѓорче Петров неговото малолетно дете било пресретнато од непознато лице на возраст од околу 60-65 години. Според пријавата, непознатото лице извршило полов напад врз детето.
За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на настанот.