Шеесет и двегодишен притвореник со иницијали И.Т. синоќа починал во одделот на арестантско одделение при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
– Притвореникот бил хоспитализиран, а околу 00.15 часот му се слошило по што од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт – информираат од МВР.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено во судска медицина за обдукција.