Двајца царински службеници на ГП Табановце утрово се притворени поради примање поткуп од лице при влез во земјава, соопшти МВР.
– На 28.07.2019 во 03:00 часот примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на ГП Табановце при влез во земјава, по што од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од с.Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце, пронајдени се 1670 евра и 190 швајцарски франци. Царинските службеници се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението.