Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
При претрес во домот на осомничениот во Кичево, во подрумска просторија на улицата Мехмед Мехмеди биле пронајдени 1.309,27 грама марихуана, завиткана во повеќе најлонски и мали зипер-вреќички. Од осомничениот била одземена и дигитална вага.
Надлежниот јавен обвинител достави до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.