На М.М.(78) од Прилеп, кој бил непосредно до брегот на Охридското Езеро, вчера околу 10:30 часот му се слошило и паднал во водата.
Од присутните граѓани бил изваден од водата и му била укажана помош, по што пристигнала екипа од Итна медицинска помош и бил пренесен во Општа болница Охрид, каде била констатирана смрт. Извршен е увид.