Битолската полиција по спроведените опсежни истражни мерки откри дека по сместувањето на повратниицте од Малта во хотелот „Трудбеник“ кој работи во составот на Епинал, во Битола, четириесет и двегодишен прилепчанец на својот Фејсбук профил повикувал лицата, донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени.

Прилепчанецот на Фејсбук објавил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во хотелот „Трудбеник“ во центарот на Битола.

За таквата своја постапка СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Ф., поради „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

М.М.