Бугарската полиција во Софија приведе 24-годишник кој на Фејсбук објавувал недолични коментари за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, соопшти бугарското МВР.
Според тамошните информации, приведениот имал криминално досие.
= Материјалите се пријавени во СРС за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање омраза врз основа на националност преку информациски систем – се вели во соопштението на бугарското МВР.